ВМРО-ДПМНЕ: Уште една лага на СДС распрсната, нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа

СДС тврдеше дека државата ќе има поскапување на струјата од цели 5%, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Се потврди дека станува збор за уште една голема лага. Покачувањето е 2,28% и е најниско во Европа. Владата реши да ја субвенционира електричната енергија и со тоа директно да го заштити стандардот на граѓаните. СДС и Филипче треба да се извинат што го лажеа народот и граѓаните и споделуваа црни сценарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.