Германскиот министер за внатрешни работи: Имаме интерес криминалците да ја напуштат земјата; Германија депортираше маж во Сирија

За првпат од почетокот на војната во Сирија во 2011 година, Германија депортираше сириски државјанин во таа земја, соопшти денес германското Министерство за внатрешни работи. Медиумите јавуваат дека станува збор за 38-годишен маж кој бил осудуван неколку пати за тешка кражба и нанесување телесни повреди.