Роналдо купи две луксузни вили на Црвеното Море, до кои може да се стигне само со брод или хидроавион

Роналдо купи две луксузни вили на Црвеното Море, до кои може да се стигне само со брод или хидроавион Филип Здравески 23.12.2025 / 15:47 Фудбал Познатиот португалски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригес станаа сопственици на Нуџума, ексклузивна резиденција во рамките на комплексот Риц-Карлтон Ризрв, откако купија две луксузни вили во рамките на проектот „The Red Sea Residences“ на Црвеното Море. До ова затскриено засолниште, кое нуди целосна приватност, може да се стигне само со изнајмен брод или хидроавион, што дополнително ја нагласува неговата ексклузивност. „Црвеното Море е навистина извонредно место. Уште од нашата прва посета, Георгина и јас почувствувавме посебна врска со островот и неговата природна убавина. Тоа е место каде што се чувствуваме мирно. Сега кога имаме дом тука, можеме да поминеме квалитетно време со нашето семејство во целосна приватност и мир кога сакаме“, рече португалскиот фудбалер по купувањето. Двојката живее во оваа област од 2023 година, уживајќи во кристално чистото море и целосната приватност, а сега одлучија да купат две вили во Нуџума, едната со три спални соби наменета за семеен престој, а другата со две спални соби. Овој потег е дел од стратегијата за инвестирање во недвижнини на Роналдо, но и од неговата желба да ужива во мир со своето семејство подалеку од очите на јавноста. На тој начин тој дополнително го зголеми својот имот, инвестирајќи во два имота на една од најексклузивните и најатрактивните дестинации во светот. Интересно е што Роналдо и Георгина беа меѓу првите купувачи што се одлучија за оваа локација по нивните претходни одмори. „Со задоволство ги пречекуваме Кристијано и Георгина во заедницата The Red Sea Residences. Нивната одлука да поседуваат имот тука ја потврдува привлечноста на оваа дестинација за оние што бараат мешавина од луксуз, приватност, природа и авантура“, рече Џон Пагано, извршен директор на Red Sea Global Group. Кристијано Роналдо Саудиска Арабија Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On