ВМРО-ДПМНЕ: Имаме најниско покачување на струјата во Европа

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме најниско покачување на струјата во Европа Александра Спасеска 23.12.2025 / 15:44 Македонија Уште една лага на СДС распрсната, нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. СДС, додаваат од владејачката партија, тврдеше дека државата ќе има поскапување на струјата од цели 5%. „Се потврди дека станува збор за уште една голема лага. Покачувањето е 2,28% и е најниско во Европа. Владата реши да ја субвенционира електричната енергија и со тоа директно да го заштити стандардот на граѓаните“. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека СДС и Филипче треба да се извинат што, како што велат, го лажеа народот и граѓаните и споделуваа црни сценарија. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро Off