Новогодишен базар во Ѓорче Петров

Од 25 до 27 декември, на Корзо во Ѓорче Петров, ќе оживее вистинската празнична приказна – светилки, музика, мирис на вкусна храна и топло вино, детска смеа и искрени насмевки, објави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Стојкоски ја објави програмата која како што наведува дека е забава за сите генерации. „GRIN-G Winter Street Festival носи радост и забава за сите генерации. За најмалите и најмилите - детска смеа и празнична магија, за родителите - дружење и убави моменти, за возрасните - топло вино, вкусна храна и добра музика, за бабите и дедовците - заедништво и убави спомени“. -Четврток (25 декември) од 17:00 до 20:00 часот - жива музика со Контра План, петок (26 декември) од 17:00 до 21:00 часот- жива музика со Куку Леле и сабота (27 декември) од 10:00 до 13:00 часот - дневна празнична програма и забава за најмладите и најмилите, додава во објавата Стојкоски. Три денови исполнети со празничен дух, радост и заеднички моменти, каде што Ѓорче Петров празнува заедно. Повелете, празникот е тука!, додаде Стојкоски. НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Од 25 до 27 декември, на Корзо во Ѓорче Петров, ќе оживее вистинската празнична... Posted by Александар Стојкоски on Вторник, 23 декември 2025