Началникот на Генералштабот на Либиската армија, Мохамед Ал Хадад, и неговата придружба загинаа денеска во авионска несреќа што исчезна од радарот кратко по полетувањето од аеродромот Есенбог во Анкара во Турција, изјави шефот на либиската Влада на национално единство, Абделхамид Дбеиба. „Информирани сме за смртта на началникот на Генералштабот на Либиската армија, Ал Хадад, и оние што го придружуваа“, рече Дбеиба, како што објави Хуриет. Според извештаите, авионот се урнал на околу два километри од селото Кесикавак во округот Хајмана. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се пронајдени остатоци од авионот што превезувал високо рангиран либиски воен персонал, чиј контакт бил изгубен во турскиот воздушен простор. „Остатоци од авионот, кој полетал од аеродромот Есенбога во Анкара, биле пронајдени од жандармеријата на два километри источно од селото Кешикавак, општина Хајмана“, напиша Јерликаја на својот профил на Фејсбук. Воздушниот простор над турската престолнина Анкара беше затворен претходно вечерва откако беше изгубен контактот со приватен авион, објавија турските медиуми. Според информациите на официјалната веб-страница на турското Министерство за одбрана, турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер денеска го примил началникот на Генералштабот на либиската армија. мс/ Од авионот био примено барање за итно слетување во близина на Хајмана. Сепак, потоа не е остварен контакт со него, додаде министерот.