Спектакуларна ерупција на вулканот Килауеа на Хаваите Александра Спасеска 24.12.2025 / 10:55 Свет Reuters објави видео на кое се гледа како стопена лава тече од кратерот на вулканот Килауеа на Хаваите. Reuters наведе дека ерупцијата на вулканот е снимена со камери обезбедени од Геолошкиот институт на САД (USGS). Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека ерупцијата на лава започнала во 20 часот и 10 минути. Регистрираните фонтани од лава се проценува дека се високи приближно 30 метри и се очекува да пораснат. Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот и периодично еруптира од 23 декември 2024 година. Remote video URL вулкан Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On