Наќе Чулев раскажа за траумите низ кои поминал како жртва на политички прогон: Незаконски бев отпуштен од работа, со години трпев јавно понижување

Поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека судот донел пресуда во негова корист дека незаконски му бил одземен безбедносниот сертификат и незаконски бил отпуштен од работа во Агенцијата. Тој вели дека со години трпел јавно понижување и дискредитација, медиумски конструкции и лажни наративи, како и силен притисок врз неговото семејство и неговите деца.