Преџов: Кога на јавен и транспарентен начин ќе се истражуваат документите за кланот Заеви и Филипче, ќе имаме доверба во судството и обвинителството

Кога ќе видам држава во која на јасен, јавен и транспарентен начин се истражуваат сите десетици документи, кои ги вадеше опозицијата, поврзани со Зоран Заев и кланот Заеви, и на сите документи извадени за Венко Филипче, за Љупчо Николоски, Оливeр Спасовски. Kога обвинител ќе излезе и ќе каже „тука има, тука нема“, тогаш сите ќе имаме доверба во судството и обвинителството, тоа е во интерес на сите. Ова во гостувањето на Канал 5 телевизија го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов. Во однос на изборот за нов државен јавен обвинител, Пренџов истакна дека постапката е законски утврдена. -Собранието распишува оглас на кој се пријавуваат кандидати за јавни обвинители, мислење дава Советот на јавни обвинители и потоа Владата предлага до Собранието и се отвора дискусија, објасни Пренџов.