Италијанската гранична полиција денеска соопшти дека открила и конфискувала над 435 килограми кокаин, чија вредност на црниот пазар се проценува на повеќе од 70 милиони евра. Дрогата е откриена на брод во пристаништето Џоја Тауро. Кокаинот бил скриен во пратка од околу 1.000 пакети ф’стаци. Според италијанската финансиска полиција кокаинот од Латинска Америка бил наменет за наркопазарот во Источна Европа. Во пристаништето Џоја Тауро годинава се конфискувани повеќе од пет тони наркотици во вредност од околу 650 милиони евра.