Пријателска со Тунис во јуни, покана и од Мексико

Пријателска со Тунис во јуни, покана и од Мексико Филип Здравески 24.12.2025 / 17:07 Фудбал Македонската репрезентација во јуни пред Мундијалот 2026 ќе одигра пријателски натпревар против Тунис, учесник на планетарниот собир. До ФФМ стигнале неколку понуди за играње пријателски натпревари во предмундијалскиот подготвителен период. Најконкретна е онаа на Тунис, чија репрезентација е желна и да гостува во Скопје, иако од ФФМ најавија дека согласни се натпревварот да се игра и на неутрален терен некаде во Европа. Понуда има и од Мексико, еден од тројцата кодомаќини на Мундијалот 2026, но таа понуда е за гостување преку Атлантикот. Понудата не е одбиена, но малку е веројатно дека ќе биде прифатена доколку домашната федерација не покрие дел од трошиците за ова скапо гостување. Засега нема конкретен датум за овие натпревари, што ќе биде дефинирано по нивното евентуално официјализирање. Македонија никогаш нема играно ни со Тунис ни со Мексико и добро би било ваков меч да се игра на домашен терен за публиката кионечнно да види некоја нова репрезентација. На Мундијалот 2026 Тунижаните се во групата Ф заедно со Холандија, Јапонија и победникот од европскиот бараж Б, додека Мексиканците се во Групата А со Јужнма Африка, Јужна Кореја и победникот од европскиот бараж Д, токиму оној каде што Македонија ќе игра во март. Доколку се квалификуваме на Светското првенство, ќе бидеме во груапта со Мексико. Тунис моментално учествува на Африканскиот куп на нации каде е во група со Уганда, Нигерија и Танзанија, а веќе славеше со 3:1 против Уганда на вардарецот Роџерс Мато. Македонија фудбал Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On