Над 28.000 навивачи пееја божикни песни на стадионот во Берлин Филип Здравески 24.12.2025 / 18:36 Фудбал Повеќе од 28.000 навивачи на германскиот клуб Унион Берлин се собраа на стадионот „Алте Ферстереј“ за да го прослават почетокот на празничната сезона пеејќи заедно божикни песни. Традиционалниот настан се одржа синоќа во Берлин и уште еднаш ја потврди силната врска меѓу клубот и неговите навивачи. Трибините беа полни со навивачи кои, со своите шалови „Eisern Union“ и кренати свеќи, создадоа уникатна атмосфера. ✨ Seit mehr als 20 Jahren Tradition: Das Weihnachtssingen in der Alten Försterei. Wann, was, wie und wo: ️ Stadionöffnung ab 17:00 Uhr ️ Vorprogramm ab 17:15 Uhr Weihnachtssingen ab 19:00 Uhr Ende gegen 21:00 Uhr ℹ️ Alle Hinweise für einen besinnlichen Abend: … pic.twitter.com/T4US61qHLg — 1. FC Union Berlin (@fcunion) December 22, 2025 Организаторите обезбедија свеќи за навивачите, додека мирисите на греано вино и традиционални германски колбаси се ширеа низ целиот стадион. Многу навивачи рекоа дека дошле првенствено поради чувството на заедништво и топлина што овој настан го носи година по година. Remote video URL Според присутните, божикните песни на стадионот на Унион се одржуваат веќе 23 години и станале дел од идентитетот на клубот. Навивачи со божикни капи, семејства и пријатели од сите генерации можеа да се видат во публиката. Вечерта заврши со громогласно скандирање „Eisern Union“ (Ајзерн Унион), со кое навивачите симболично го најавија доаѓањето на Божик. Божик Унион Берлин Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On