Прогласени најдобрите атлетичари за 2025

Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите за 2025 година, а кај сениорите признанијата им припаднаа: Адријана Попарсова и Андреас Трајковски. Адријана Попарсова (Атлетски Клуб Делта) и Андреас Трајковски (Атлетски Клуб Работнички), се атлетичарите кои со своите настапи, резултати и континуитет ја одбележаа сезоната и поставија високи стандарди за идните генерации. Во младинските категории, признанијата им беа доделени на: Марко Алексовски – најдобар младинец (Атлетски клуб Центар) Мелиса Димитриевска – најдобра младинка (Атлетски клуб Дрени Старт) Ева Митевска – најдобра помлада младинка (Атлетски клуб Работнички) Михаил Стошевски – најдобар помлад младинец (Атлетски клуб Куманово) Кај пионерите, признанијата ги понесоа: Ведран Николовски – најдобар пионер (Атлетски клуб Куманово) Марта Димковска – најдобра пионерка (Атлетски клуб Работнички) Во категоријата млади пионери: Ељана Салаи – најдобра млада пионерка (Атлетски клуб Куманово) Арти Џеладини – најдобар млад пионер (Атлетски клуб Куманово) Трајковски имаше забележителни настапи пред сè на Европското првенство во сала во Апелдрон, Холандија со пласманот во финалето и освоеното осмо место, додека на балканските првенства се закити со бронзи во своите дисциплини пред сè во скок во далечина.