Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово Филип Здравески 24.12.2025 / 19:33 Македонија Апелациониот суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми затворската казна од 1 и пол на по 2 години. Истовремено е зголемена и паричната казна што треба да ја плати обвинетото правно лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Осудените директори Фљорин Бесими и Артан Етеми се огласени за виновни за кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Судот оцени дека изречените санкции соодветствуваат на тежината на делото и последиците. Во пожарот во Модуларната болница во 2021 година загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти кои се лекувале од COVID-19, и двајца роднини на хоспитализираните. Пожар во модуларна болница Тетово Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off