Без вода утре дел од општина Аеродром

Без вода за пиење ќе останат утре дел од корисниците во општина Аеродром, информираат вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ била добиена информација за изведување водоводен приклучок на улицата „Абдул Фрашери“, поради што прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „1611“, „1612“, „1613“, „1614“, „1615“ и „1616“ од девет часот.