Верстапен: Половина од тимовите би биле дисквалификувани доколку темелно се врши контрола по секоја трка Филип Здравески 24.12.2025 / 20:22 Ф1 Формула 1 сè уште не влегла во сезоната 2026, а веќе се соочува со сериозни контроверзии. Во центарот на вниманието е Макс Верстапен, четирикратниот светски шампион, кој изнесе загрижувачки тврдења за техничките контроли на болидите. Во интервју за шведските медиуми, возачот на Ред Бул рече дека многу тимови намерно ги поместуваат границите на прописите и често избегнуваат казни само затоа што не се темелно проверени по секоја трка. „Сите бараме ограничување. Понекогаш сè оди непречено затоа што сè не е секогаш контролирано. Ако секој болид беше проверен по секоја трка, половина од тимовите би биле нерегуларни“, рекол Ферстапен. Контролите во Формула 1 ја вклучуваат тежина на автомобилот, параметри на хибридниот систем, горивото, аеродинамика и подот, но ФИА нема капацитет секој викенд детално да го проверува секој болид. Неговите зборови добија дополнителна тежина поради сезоната 2025, која беше обележана со бројни дисквалификации. Ферари остана без пласман во Кина поради технички неправилности на болидите на Шарл Леклер и Луис Хамилтон, додека Пјер Гасли и возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, доживеаја слична судбина во Лас Вегас. Дисквалификацијата на Мекларен, според Верстапен, дополнително го искомплицира шампионатот. „Тоа беше ран божикен подарок за мене, што ја направи сезоната повозбудлива“, рече Холанѓанецот, кој на крајот ја загуби титулата со само два бода разлика од Норис на последната трка во Абу Даби. Макс Верстапен Ф1 Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off