Стоилковски: Венко не догледува каде СДСМ е опозиција

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, повторно привлече внимание на социјалните мрежи со сатиричен статус во кој ја коментира политичката состојба во земјава преку споредба со облакодерите во Дубаи. Во објавата, Стоилковски се прашува „дали СДС е опозиција во Македонија или во Србија“, додавајќи дека „важно се гради, Дубаи, не СДСМ“ со низа хаштагови. Во продолжение целиот фејсбук статус на Стоилковски: Од облакодерите во Дубаи Венко не догледува дали СДС е опозиција во Македонија или во Србија? Ама, #ВажноСеГради. Дубаи, не СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија #БФФ #ПолаПола #ДубаиЕдишн #СложниБраќа #ЗлатнаВиза #ГлобалДоДубаи #СДСКасаПрими #ПоЗградиНаВодноЗградиВоДубаи