Гвадриола добива големо засилување во јануари

Менаџерот на Манчестер Сити можно е да добие големо засилување во тимот во борбата за шампионската титула со Арсенал. Според англиските медиуми станува збор за репрезентативецот на Гана Ентони Семењо (25.години). Се очекува токму овој играч да биде ѕвезда на зимскиот преоден рок бидејќи покрај своите квалитети и игрите што ги прикажува во Буренмут, на располагање ќе биде достапен веднаш бидејќи неговата репрезентација не настапува на АФКОН. Семењо е еден од најбараните играчи во овој преоден рок, а за него интерес има и од шампионот Ливерпул, особено по неизвесната судбина на Мохамед Салах и повредата и отсуството на Александер Исак. Клаузулата овозможува Семењо да замине за 72 милиони фунти плус дополнителни пет за бонуси, но само до 10.јануари. Неговиот договор со сегашниот клуб му е активен до 2030 година.