Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје, облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени. Од петок ќе има стабилизирање на времето. Во деновите од викендот, а особено во првите денови од следната седмица утрата ќе бидат ведри и студени со утрински температури кои насекаде бидат под нулата.