Божиќна честитка од претседателот на Собранието Гаши до католичките верници

Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши во име на законодавниот дом им го честита празникот Божиќ на католичките верници во државава. - Божиќните празници носат пораки на мир, солидарност, човечност и меѓусебно почитување, вредности кои се темел на секое демократско и мултиетничко општество. Токму преку заемно разбирање, почитување на различностите и заедничка посветеност кон општото добро, ја градиме стабилноста и иднината на нашата држава. Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, семејна топлина и спокој, со надеж и оптимизам за годината што претстои. Среќен Божиќ, напиша Гаши во честитката.