Почестете се себеси и вашите најблиски, во овој посебен период, со овој многу едноставен но вкусен куглоф. Состојки: 150 грама интегрално брашно 80 грама густин 50 грама мелени бадеми 1 прашок за пециво 150 грама шеќер 1 ванилин шеќер 3 јајца 180 мл млеко 150 грама путер 80 грама суво грозје Подготовка: Измешајте го брашното и густинот, додадете ги мелените бадеми, прашокот за пециво, шеќерот и ванилата. Добро измешајте ги јајцата, млекото и стопениот путер и додадете ги во смесата од брашно. Додадете го сувото грозје во смесата и истурете ја во намастен калап за куглоф. Печете 40-45 минути (во зависност од обликот на калапот) во рерна претходно загреана на 180 °C. Извадете го печениот колач од калапот и оставете го да се олади. Посипете го куглофот со шеќер во прав, а можете и да го премачкате со чоколадна или бела глазура направена од шеќер во прав и сок од лимон. Уживајте!!