Народски, „фатени со смкнати гаќи“ и со јавна потврда од негов близок соработник дека нивниот лидер од сенка гради 42-катница во Дубаи, СДС се отвори како што вистинскиот им водач, Заев, го отвори македонското судство. Во манијакален занес и хејтерски творечки немир партијата која оди кон буништето на историјата во едно утро девалвира две, за нив неподобни личност. По новинарот Героски, сега мета на мизантропските соопштенија на мизерните пи-арџии на Бихаќка стана Саша Богдановиќ, поранешен градоначалник на Центар од нивните редови. И пак, со многу омраза во целата прикаска. Интересно е што и Героски и Богдановиќ долг период многу успешно соработуваа со СДС, едниот како новинар, другиот како висок функционер на партијата и градоначалник. Велат, дека најчесто вака крајот мириса, со јавни пресметки со довчерашните „твои“ соработници. Ќе бараат ли и нивна депортација, во Британија можеби, се шегуваат по социјалните мрежи со луцидноста на забеганите СДС пиарџии... Следува интрегралното (со уреднички коментар), целосно забегано и луцидно трето денеска (до 10 часот наутро, ќе има гарант уште многу) соопштение на СДС, кои или се во некој лош филм на Алфред Хичкок со многу параноја во себе или претерале со консумацијата на иљачот на новопечениот член на ИО, Јон. Оценете самите. „Поранешен член на СДСМ кој најпрво ја предаде партијата за пари, а потоа и Македонија за пари, сега си зема за право некого да таргетира и да го нарекува Усташ. (СДСМ зборува за предавства?!?!) Човек кој припаѓа на коалицијата ВМРО Ванчовистичка - ЗНАМ, луѓе кои во Собранието ја изгласаа Резолуцијата за забрана на говорот по урнекот на Декретот од Третиот Рајх. Кога веќе ги спомнува усташите, нека прочита малку и кој соработувал со НДХ. (Трети РАЈХ, НДХ, усташи, Ванчовисти во една реченица, саде Коте од Руља и Квислинг ги заборавивте...) Зошто Саша Богдановиќ го прави ова? Прво, затоа што е избран како Србин да ја пренесе оваа порака. Каде подобро од Србин да ги „брани“ Србите. Од кого ги брани? Кој ги напаѓа Србите? (Аууу, какви теории на заговор, нели рековме дека нема дрогирање по соопчињата и бироата?) Во извештајот на Европската комисија се спомнува „српски свет“, при што токму се мисли на влијанието на Вучиќ и СНС преку нивните сателити во ВМРО Ванчовистичка и ЗНАМ а не на Србите. Еден од тие сателити е Саша Богдановиќ. Токму ова е дел од copy-paste валканата кампања на Вучиќ во Србија, која тој по налог ја пренесува и во Македонија. Вучиќ веќе една година ги нарекува студентите, децата во училиштата, нивните родители, сите слободни и мислечки граѓани на Србија — Усташи. Саша Богдановиќ мора да сфати дека Српската напредна странка не е Србија, ниту пак Вучиќ е единствениот Србин. Србија се нејзините граѓани, а не банда криминалци со кои тој и ВМРО Ванчовистичка соработуваат. За крај, ние ги сакаме Србите, како што ги сакаме и сите наши други сограѓани — тоа им е јасно на сите. Но, не можеме да ги сакаме криминалците и предавниците на сопствениот народ. (Тие, всушност, се мразат самите себеси, да не се лажеме) За нив знаеме каде им е местото! (Вам, ни во опозиција, ако вака продолжите, дефинитивно) Сите ќе одговарате!“ Завршуваат „ефектно“ во СДС, свесни дека ако (не дај Боже за нив) доаѓањето на правдата и одговорноста се случи, најзасегнати ќе бидат токму ликовите од нивната врхушка, која Сокол ја спрема за тоа како да се снајдат во Шутка, попатната станица пред Идризово...