Пет лица загинаа, а 35 се повредени во вчерашната експлозија на бомба во џамија во нигерискиот град Маидугури, административен центар на државата Борно. Нигериската полиција соопшти дека најверојатно се работи за самоубиствен напад. - Прелиминарната истрага покажува дека е можно да станува збор за самоубиствен бомбашки напад врз основа на пронаоѓањето делови од она што изгледа како самоубиствен елек и според снимените изјави на сведоци, додека истрагата продолжува да ја утврдува точната причина и околности, изјави портпаролот на државната полиција во Борно. Сè уште никој не презел одговорноста за нападот, но нападите со бомбаши самоубијци во голема мера се припишува на Боко Харам, исламистичка милитантна група која претходно презеде одговорноста за бројни такви напади во североисточниот дел на Нигерија.