Новески: Времe е за нови лица и создавање на нови стручни кадри во фудбалот Филип Здравески 25.12.2025 / 12:27 Фудбал Препукувањата почнати од страна на поранешниот селектор Игор Ангеловски, а со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, кои ги вклучија и Горан Пандев и Гого Јовчев, испровоцираа изјава и од Николче Новески. Новески, легенда на бундеслигашот Мајнц и поранешен репрезентативен стопер на Македонија со 64 настапи н 5 постигнати голови, почувствува должност да ја смири топката, со фин и културен речник да се обиде да стави крај на сосем непотребниот испад на порашениот селектор Ангеловски. „Мислам дека е времe за нови лица и создавање на нови стручни кадри во фудбалот. Секој треба да добие шанса, а времето ќе покаже дали е оправдана довербата. Македонскиот фудбал и репрезентацијата не смеат да бидат заложници на поединец, особено не на човек кај кого личната суета и карактерот излегуваат во преден план. Во ваков момент ни треба целосна поддршка за репрезентацијата, ангажираност и сплотеност од сите што ѝ мислат добро, а не обиди за самопромоција и поделби. Репрезентацијата е над секое име и над секој поединечен интерес. Лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија“, изјави Новески. 46-годишниот битолчанец долго време играше во одбраната на македонската репрезентација заедно со новиот селектор Гоце Седлоски, а од септември е ангажиран во ФФМ како раководител на скаутинг службата. Николче Новески ФФМ Македонија фудбал Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On