ИДФ: Извршен е воздушен напад врз терористички оперативец во Либан

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека неодамна извршиле воздушен напад врз терористички оперативец во градот Насирија, во долината Бека во источен Либан. Израелската војска соопшти дека нападот бил извршен заеднички со израелската безбедносна служба Шин Бет, објави „Тајмс оф Израел“. ИДФ не прецизираше на која терористичка група ѝ припаѓала целта. Текстот ИДФ: Извршен е воздушен напад врз терористички оперативец во Либан е превземен од А1он .