Роботот „Олаф“, создаден по истоимениот лик на „Дизни“ е новиот „крик на технологијата“ водена од вештачка интелигенција. Се чини, инженерите од истражувачкиот центар на компанијата, просто, го оживеаја омилениот „снешко“ од поновата ера, т.е. од филмовите „Снежно Кралство“ ( Frozen ). Според стручњаците, роботот, сo својата позната насмевка, говорот и мавкањето за поздрав кон луѓето што минуваат, претставувал необичен предизвик. Инженерите, велат, имале задача да направат нешто повеќе од човековиден робот. „Суштеството“ со огромна глава прикачена на мал врат, и само стапала наместо нозе, требало и да чекори онака специфично - од петицата до прстите. За да ги усовршат движењата на роботот, инженерите ја користеле техниката „засилено ВИ-учење“ во виртуелна средина, во којашто вештачката интелигенција на роботот се надградува врз основа на постигнување на одредена цел преку илјадници симулации. Со ВИ-учење, системот на роботот научи да ја прилагоди својата положба и движењата, со што се спречува и „топењето“ на илузијата на анимација пред нашите очи. (МИА)