Најдоски: Ангеловски потврди дека со години бил фактор што ја нарушува атмосферата околу репрезентацијата Филип Здравески 25.12.2025 / 14:18 Фудбал Легендата на македонскиот и југословенскиот фудбал, Илија Најдоски, даде свое мислење за огнените стрели што поранешниот селектор Игор Ангеловски ги упати кон раководството на ФФМ поради изборот на Гоце Седлоски за нов предводник. Фото: ФФМ „Начинот на кој Ангеловски повторно настапува само потврдува дека со години бил фактор што ја нарушува атмосферата околу репрезентацијата. Истото го гледавме и во периодот кога селектор беше Благоја Милевски, кога наместо поддршка имаше постојани опструкции, коментари и обиди за влијание. Таквото однесување не ѝ помогна ниту тогаш, а уште помалку ѝ помага сега на Македонија“, вели во своето обраќање Најдоски, кој е советник во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. „Во моменти кога е потребна јасна поддршка и заедничка енергија, некој повторно избира лични битки и рушење на атмосферата. Репрезентацијата е над секој поединец и мора да остане така. Нека му служи на чест тоа што нас, кои сме дале многу за македонскиот фудбал, нè става во категорија 'стаорци'. Тоа повеќе зборува за него отколку за нас“. „Искрено, не е име и презиме што заслужува реакција од моја страна, но ова што се обидува да го наметне ја надминува секоја мера. Македонскиот фудбал нема потреба од поделби, навреди и лични фрустрации, туку од почит, одговорност и поддршка за репрезентацијата.“ Илија Најдоски во својата кариера остави длабоката трага во Вардар и Црвена звезда, а играше и за Питу Гули, Победа, Ваљадолид, Денизлиспор, ЦСКА Софија и Сион. На почетокот на 90-тите запиша 11 настапи и 1 гол за Југославија, а потоа и 10 настапи за независна Македонија. Илија Најдоски Македонија фудбал ФФМ Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро Off