Како презимето Зидан повторно ќе се најде на репрезентациски дрес?

Како презимето Зидан повторно ќе се најде на репрезентациски дрес? Александра Спасеска 25.12.2025 / 14:12 Фудбал Лука Зидан, син на поранешниот светски играч на годината Зинедин, рече дека и неговиот татко и неговиот дедо го поддржале во промената на националноста и изборот на Алжир, откако играл за Франција како јуниор. Зинедин Зидан беше светски шампион (1998) и вицешампион (2006) со Франција, како и европски шампион (2000). Зинедин Зидан се смета за еден од најголемите француски фудбалери. Тој ја предводеше Франција до првата победа на Светското првенство во 1998 година, постигнувајќи два гола во победата од 3:0 над Бразил во финалето во Париз. Легендарниот играч од средниот ред ги предводеше и до трофејот на Европското првенство две години подоцна. „Кога мислам на Алжир, мислам на дедо ми“ Одлуката на Лука да ја промени националноста, кој од мал одлучи да избегне споредби со својот татко со тоа што избра да биде голман, беше изненадување, особено затоа што го стори тоа на 27-годишна возраст. Тој брзо стана прв голман на Алжир, а татко му го гледаше како брани против Судан во првиот натпревар од Групата Е на Африканскиот куп на нации, кој Алжир го доби со 3:0. Зидан немаше многу предизвици на натпреварот, но сепак направи важна одбрана од опасна шанса кога му се приближи Јасер Авад при резултат 1:0. „Кога мислам на Алжир, мислам на дедо ми. Уште од детството, имаме алжирска култура во нашето семејство. Разговарав со него пред да играм за репрезентацијата и тој беше исклучително среќен за овој чекор. Секој пат кога добивам повик за меѓународна репрезентација, ми се јавува и ми вели дека сум донел одлична одлука и дека е горд на мене“, рече Лука Зидан. Поддршка од семејството и совети од таткото „Татко ми ме поддржуваше. Ми рече: ‘Внимавај, ова е твој избор. Можам да ти дадам совет, но на крајот конечната одлука ќе биде твоја’. Од моментот кога тренерот и претседателот на федерацијата ме контактираа, беше јасно дека сакам да одам и да ја претставувам мојата земја. После тоа, секако, разговарав со моето семејство и сите беа среќни за мене“, додаде тој. Зинедин Зидан ја освои Лигата на шампионите во 2002 година со Реал Мадрид и Златната топка во 1998 година. Неговиот син, кој брани во Шпанија за Гранада откако ја започна кариерата во Реал Мадрид, отсекогаш носел дрес со името Лука, но одлучил дека неговиот дрес за репрезентацијата ќе го носи името Зидан. Зинедин Зидан Лука Зидан Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On