Божик во Саудиска Арабија со Кристијано Роналдо Филип Здравески 25.12.2025 / 15:04 Фудбал Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, веќе три години игра за саудискиот Ал Наср, а денес објави дека го слави Божик во Ријад. Роналдо објави видео на социјалните мрежи од својот дом, каде што се забавува со својата свршеница Георгина Родригес и децата пред украсена елка. „Надеж што обновува, љубов што прегрнува, семејство што поддржува и светлина што води. Среќен Божик!“, напиша Роналдо. Esperança que se renova, amor que abraça, família que apoia e luz que guia. Feliz Natal ❤️ ✨ pic.twitter.com/Gfg8FZbBke — Cristiano Ronaldo (@Cristiano) December 25, 2025 Роналдо е во феноменална форма сезонава, постигнувајќи 10 голови на 9 натпревари во Про лигата на Саудиска Арабија. Во својата неверојатна кариера досега постигна 955 голови, а му недостасуваат 45 за да достигне 1.000 голови во кариерата. Летоска го продолжи договорот со Ал Наср и ќе игра во Саудиска Арабија барем до 2027 година, што е повеќе од доволно за да ја достигне магичната бројка. Кристијано Роналдо Божик Саудиска Арабија Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On