Американците ѝ го продолжија рокот за Србија за продажба на рускиот удел во НИС

Американците ѝ го продолжија рокот за Србија за продажба на рускиот удел во НИС Александра Спасеска 25.12.2025 / 14:59 Регион Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД (OFAC) ѝ издаде нова лиценца на Нафтената индустрија на Србија (НИС), која дозволува преговори за продажба на рускиот удел со продолжен рок до 24 март, но во исто време не ѝ одобри на НИС да работи во тој период, објави Радио телевизија Србија (РТС). Рафинеријата НИС, како резултат на санкциите на САД, не може да прима сирова нафта од 9 октомври, кога стапија во сила санкциите на САД и таа компанија во Србија, поради руската инвазија на Украина. Вашингтон бара целосно излегување на руските акционери од компанијата, но преговорите за потенцијалната продажба се одолговлекуваа, па рафинеријата НИС престана со работа на 25 ноември. Српските власти тврдат дека снабдувањето со деривати е обезбедено до 25 јануари. Вучиќ: Тоа не ни значи многу OFAC издаде нова лиценца, која овозможува преговори за продажба на рускиот удел, на НИС со продолжен рок до 24 март, но без дозвола НИС да работи во тој период. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави претходно денес дека продолжувањето на лиценцата за преговори со руската страна до 24 март „не значи многу“ за Србија, бидејќи проблемот со снабдувањето мора да се реши што е можно поскоро. Тој претходно изјави дека Србија брзо увезува гориво и дека има доволно од него барем до 15-ти, а можеби и до 25 јануари. Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека дипломатските преговори ќе продолжат со цел да се најде прифатливо решение. Американските претставници постојано го предупредуваат Белград дека не сакаат руска сопственост во НИС (56,15 проценти), што „треба да биде нула“, но дури и со повеќекратни одложувања во спроведувањето на санкциите, тоа не се случи, и покрај „берзата“ која, во обид да се ублажи кризата, ја добија подружници кои не се под санкции. Србија Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On