(ФОТО) Андоновска и Мицкоска во посета на Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“

Институтот за јавно здравје го посети Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, заедно со г-ѓа Рози Мицкоска како промотор и подржувач на јавното здравје. ИЈЗ одржа едукативно предавање за здрави навики, исхрана и хигиена, а учениците подготвија претстава за сите присутни. Се поделија пакетчиња и подароци за децата. Настанот претставува продолжение на успешната соработка која започна минатата година со адаптација на промотивните материјали на ИЈЗ на Брајово писмо. Со оваа активност се овозможи еднаков пристап до јавно-здравствени информации за лицата со оштетен вид. Директорката на училиштето, Александра Јаковчевска, ја нагласи важноста на ваквите инклузивни иницијативи. Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, ја истакна посветеноста на институцијата кон општествената одговорност. Новогодишните пакетчиња се симбол на внимание и поддршка кон учениците. Воедно, благодарност и до г-ѓа Рози Мицкоска за нејзината континуирана поддршка, хуманост и промоција на јавното здравје. Двете институции очекуваат соработката успешно да продолжи и во иднина.