Не седнувајте зад волан ако сте пиеле: Колку долго алкохолот останува во телото? Александра Спасеска 25.12.2025 / 17:37 Авто новости Многу луѓе се веќе зафатени од еуфоријата на празниците - во ред е да се опуштите, но важно е да не седнете зад воланот ако сте испиле „уште една чаша“. Прво, за безбедноста на себе и на другите, а и поради казните. Влијанието што алкохолот го има врз вас ќе зависи од неколку фактори: пол, возраст, метаболизам, тежина, вид алкохол, што сте јаделе пред да пиете, нивото на стрес на кое сте изложени итн., според британската организација за безбедност во сообраќајот Road Respect. Истата организација, исто така, ја анализирала потрошувачката на алкохол и способноста за возење. Врз основа на тоа, тие издале препораки за тоа колку долго треба да чекате по пиењето, односно колку долго алкохолот останува во телото во зависност од тоа што сте пиеле. Чаша вино (13,5% алкохол) Една чаша- 3,5 часа Две чаши - 7 часа Три чаши - 10,5 часа Четири чаши - 14 часа Пет чапши - 17,5 часа Чаша жестоко (40% алкохол) Една пијачка - 1,5 часа Две пијачки - 3 часа Три пијачки - 4,5 часа Четири пијачки - 6 часа Пет пијачки - 7,5 часа Пиво, лагер (5% алкохол) Една чаша - 2,5 часа Две чаши - 5 часа Три чаши - 7,5 часа Четири чаши - 10 часа Пет чаши - 12,5 часа. алкохол безбедност во сообраќајот Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On