Роналдо: Никогаш нема да откријам која е мајката на мојот прв син Александра Спасеска 25.12.2025 / 20:09 Фудбал Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо изјави дека никогаш јавно нема да го открие идентитетот на мајката на својот син Кристијано Џуниор (15) и дека ќе разговара со него за тоа „кога ќе почувствува дека е вистинско време“. Роналдо беше гостин во шоуто на Џонатан Рос, и во таа прилика се осврна на оваа тема. Тој нагласи дека не му должи на светот објаснување за тоа која е мајката на Кристијано Џуниор, а одамна е познато дека неговиот најстар син има сурогат мајка (врска каде што жената ја носи бременоста за лице или пар кој потоа го посвојува детето). Познатиот фудбалер го потврди ова пред околу десет години, но името на мајката на Кристијано Џуниор е сè уште непознато и ќе остане така. „Никогаш не сум го открил идентитетот на мајката на мојот син Кристијано Џуниор и никогаш нема да го откријам. Знам дека мојата мајка игра голема улога во мојот живот, но Кристијано Џуниор не мора да има таков однос со својата мајка“, рече Роналдо. „Има деца во светот кои растат без мајка или без татко. Има такви чии родители починале и кои страдаат од злоупотреба. Кристијано Јуниор, од друга страна, нема само татко: тој има баба, ја има поддршката од моето семејство... И тоа е доволно. « ?? ?’?? ?????? ??́??́??́ ?’????????́ ?? ?? ??̀?? ?? ????????? ??????… ?? ?? ?? ?? ????? ??????. » ♂️️ Cristiano Ronaldo s’exprime sur le choix de garder privée l’identité de la mère de Cristiano Jr… pic.twitter.com/lF8sdvxJgv — ActuCR7 (@ActuCR7_) December 25, 2025 Има работи што мора да останат приватни, а идентитетот на мајката на Кристијано Јуниор е една од нив. Познавањето на нејзиниот идентитет нема да промени ништо во животот на другите луѓе“, додаде Кристијано. Тој призна дека не знае зошто донел одлука својот прв син да го добие со сурогат мајка. „Не знам зошто го направив тоа. Не му должам на светот објаснување за мојот приватен живот. Му ја должам вистината на мојот син, бидејќи тој е мој син и ќе разговарам со него кога ќе почувствувам дека е вистинско време. Сигурен сум дека ќе разбере кога ќе му ја кажам вистината за неговата мајка“, заклучи Роналдо. Кристијано Јуниор сега има 15 години и е член на пионерскиот тим на Ал-Наср. Претходно играше за младинските тимови на Манчестер Јунајтед и Јувентус, тимовите за кои играше неговиот татко. Покрај Јуниор, Кристијано Роналдо има уште четири деца, Ева Марија, Матео, Алана Мартина и Бела Есмералда. Кристијано Роналдо Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On