Сиљановска Давкова: Национален консензус околу гаранциите, ЕУ мора да најде решение да не држи во кондиција

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека националниот консензис на кој повика во годишното обраќање во Собранието треба да се изгради околу гаранциите да нема нови условувања во процесoт на евроинтеграциите. - Консензус треба да има околу тоа дека не смее да има двојни стандарди за членството во ЕУ. Консензус треба да има околу тоа дека ние сме рекордер по уставни измени на барање на ЕУ, дури и името го сменивме без да постои консензус но не добивме ниту почеток на преговори. Консензус треба да има за тоа дека ако се повикуваме на принципи тие треба да важат за сите. Ако Светот на Европа формирал суд за човекови права пресудите треба да се спроведуваат, рече претседателката Сиљановска Давкова вечерва во гостување на ТВ Канал 5. Мораме, потенцира таа, еднаш да добиеме гаранција дека нема некој да не турка да расправаме за идентитетски прашања, бидејќи тоа е темелната вредност на ЕУ. - Националниот консензус треба да се изгради околу гаранциите. Мора да имаме некакви гаранции и има многу варијанти за гаранции. Не е точно дека не сме разговарале, сме разговарале. Не е само трет протокол, може со измена на Протоколот, може со измена на заклучоците. Нашиот преседан не е битен само за нас туку и за сите други кандидати за членство во ЕУ, рече Сиљановска Давкова. Таа посочи дека високи европски претставници рекле дека се потребни гаранци и оти штитот на ветото треба да се урне. - Јас тврдам дека дури и во случајот на државите од Западен Балкан кои се најбрзо натаму може да се случли повторно да има вето, посочи претседателката. Сиљановска Давкова оцени дека тоа што го прифатила поранешната влада и тоа што го венела во Преговарачката рамка и во заклучоците ЕУ е спротивно на самите принципи и вредности на ЕУ. Според претседателката Сиљановска Давкова, која било членка на ЕУ може да покрене постапка против Бугарија, како што вели, за кршење на основните принципи и вредности. Може, дополни, и една третина од пратениците, може комисијата. Има механизми. Кога ги читате извештаите и кога ги гледате евалуациите, вие гледате дека кога ние за Зелената агенда сме вреднувани исто како и Молдавија таа добива средства, а ние не. - Мора ЕУ да најде решение да не држи во кондиција бидејќи не зборуваме само за помоќна ЕУ во нестабилната извесна мултиполарна сцена. Зборуваме, тоа не се мои зборови, на ЕУ лидерите се, за отпорност кон можни влијанија и за нешто што е многу важно - гаранции, значи безбедносните дилеми остануваат, еве гледаме дури и со бегалските кризи повтроно може да се појават на сцената. Решение ЕУ ако сака може да најде а ние и предочуваме. Зошто не сака? Затоа што е практична, прагматична и затоа што некој се согласил. Доколу тие што сега предлагат резолуции и слично поинаку мислеле и го предочиле ова што го зборувам јас, тогаш во предвид ќе го зеле и оние кои што одлучувале. аама тие ги убедувае дека ова есосема добро решение и да се сетиме тогаш ни велеа уште ова и готово е ние ги почнуваме преговорите, рече Сиљановска Давкова.