Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот со водоснабдување е поради водоводен приклучок на ф 90 мм на ул. „Ванчо Мицков“ бр.39. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.