Собранието денеска треба ќе ја продолжи 75. пленарна седница, на чиј дневен ред неразгледани се преостанати уште девет точки. Пред пратениците се Предлог-законот за ратификација на Дополнителниот протокол 7 за решавање спорови на Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија, Ревидираната фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2026-2030 година, Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Република Северна Македонија-Транспорт АД Скопје, Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог-законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, сите по скратена постапка. По скратена постапка се и Предлог-законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници и Предлог-законот за изменување на Законот за платежни услуги и платни системи.