САД ја нападнаа ИСИС во Нигерија Александра Спасеска 26.12.2025 / 09:22 Свет САД извршија воздушни напади врз милитанти на Исламска држава (ИСИС) во северозападна Нигерија, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека групата ги таргетира христијаните во регионот. „Вечерва, по моја наредба како врховен командант, САД започнаа моќен и смртоносен напад врз терористичката ограбка на ИСИС во северозападна Нигерија, која ги таргетира и брутално убива, првенствено, невини христијани, на нивоа невидени со години, па дури и со векови!“, рече Трамп во објава на Truth Social. „Претходно ги предупредив овие терористи дека ако не го спречат колењето на христијани, ќе платат висока цена, а вечерва го сторија тоа“, рече Трамп. . @POTUS “Tonight, at my direction as Commander in Chief, the United States launched a powerful and deadly strike against ISIS Terrorist Scum in Northwest Nigeria, who have been targeting and viciously killing, primarily, innocent Christians, at levels not seen for many years, and… pic.twitter.com/ct7rUW128t — Department of War (@DeptofWar) December 26, 2025 Нападот е извршен на барање на нигериските власти Африканската команда на САД соопшти дека нападот е извршен на барање на нигериските власти и дека повеќе милитанти на ИСИС се убиени. Трамп почна да предупредува кон крајот на октомври дека христијанството се соочува со „егзистенцијална закана“ во Нигерија и се закани со воена интервенција во западноафриканската земја за она што го нарече нејзин неуспех да го спречи насилството насочено кон христијанските заедници. Нигериската влада изјави дека вооружените групи ги напаѓаат и муслиманите и христијаните, и дека тврдењата на САД дека христијаните се соочуваат со прогон не претставуваат сложена безбедносна ситуација и ги игнорираат напорите за заштита на верските слободи. Но, се согласи да соработува со САД за зајакнување на нивните сили против милитантните групи. Населението на земјата е поделено меѓу муслимани, кои живеат првенствено на север, и христијани на југ. САД ИСИС Исламска држава Нигерија Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On