Оркестриран молк за најавениот тажен крај на европската цивилизација

Во многу европски држави, вклучително и нашата, некако незабележано помина американската Стратегија за национална безбедност објавена пред дваесеттина дена. Или, подобро речено, беше сторено се’ документот да биде што “поневидлив“. Нормално, така поминаа и тезите изнесени во овој документ, тези кои во многу ја предвидуваат и насочуваат иднината на светот, бидејќи, сепак, се изнесени во стратешки документ на една од најмоќните светски сили. И, воопшто не е тешко да се заклучи зошто е тоа така. Од една страна, така е затоа што, за жал, медиумите во Европа се под капата на “Министерството за вистина“ - Центарот за демократска отпорност, или таканаречениот “демократски штит“, па извонредно тешко поминуваат вести и ставови кои не одговараат на либералната “неприкосновена вистина“. Од друга страна, делови од американската Стратегија... воопшто не соодветствуваат со розовата слика за иднината на ЕУ, за иднината на европските држави и иднината на европската цивилизација, исцртана од европските радикални левичари - либералните “елити“. Со еден збор, Стратегијата мораше да биде што “поневидлива“ бидејќи е донесена од американска администрација со изразено конзервативна, патриотска, суверенистичка идеологија, која го започна поразот на либералното зло во сопствената држава и започна битка за спас на сопствената и, во документот, посочува алатки за спас и на европската цивилизација. ЛГБТИ+, РОДОВИТЕ ПОЛИТИКИ И МИГРАНТИТЕ Со инсталирањето на радикалната левица, либералните “елити“, на власт и, нивната глобализаторска политика за воспоставување униполарен светски поредок и завладување со светот од еден центар, започна уништувањето на САД и на европските држави. Свесни дека христијанството е темелот врз кој се изградени, донесоа план за создавање постхристијански општества на северноамериканскиот и европскиот континент. Општества со избришана традиција, духовност, култура, традиционално семејство, вера и национален идентитет. Две основни алатки со кои го спроведуваат својот демонски план се лгбти+ и родовите политики и, контролираната миграција. Така, подмолно треба целосно да се смени демографската слика на северноамериканскиот и европскиот континент. Демографската слика на САД и на европските држави, вклучително и нашата. Имено, преку лгбти+ и родовите политики, односно еднаквоста на родовите, кои, според нив, можат да бидат безброј и, кои, не зависат од двата природни пола во кои се раѓа секое живо суштество, потпомогнато од лгбти+ теоријата за истополови бракови и слични социјални експерименти и, посебно преку изместени вредности во образовниот процес, се врши обид за уништување на традиционалниот пол, на детето како машко и женско,традиционалната врска на двата различни пола, традиционалното семејство меѓу еден маж и една жена, со што се спроведува процесот на дехуманизација и депопулација на општествата. За жал, со поддршка од Ватикан кој, под притисок, или во тесна соработка, ги признава истополовите бракови.Со тоа, а јасно видливо од достапните статистички податоци, драматично се намалува бројот на белото христијанско население во САД и во европските држави. И, бидејќи со овој процес на депопулација, државите се празнат и се создава потреба од “човечки ресурси“, радикалната левица, преку контролирана миграција, а како свои сигурни гласачи, внесува стотици илјади, па дури и милиони мигранти, со целосно поинаква културна, верска, традициска ... матрица на однесување. Така, се менува демографската, но и културолошката, верската, традициската структура на американското и европските општества. Полека но сигурно, белото христијанско население станува малцинство во сопствените држави, на сопствените вековни огништа, полека но сигурно се наѕира крајот на неговата милениумска цивилизација, која и покрај многу свои несовршености, го задолжи човештвото со извонредно многу достигнувања. ШТО ТРЕБА ДА СТОРИМЕ “ЗА ОДНАПРЕД“ И зошто го пишувам ова? Го пишувам бидејќи знам дека, доколку не сториме ништо, нашите внуци ќе бидат протерувани од сопствените домови како бело христијанско малцинство, или, пак, ќе мора да ја менуваат верата, традицијата, културата, начинот на живеење за да опстанат и останат тука, ама во целосно променетиот свет. Го пишувам бидејќи знам дека многу скоро, како во Франција или Шведска, на пример, ќе се создадат NO GO зони, каде ниту граѓаните староседелци, ниту институциите ќе имаат пристап. Го пишувам за да потсетам дека американската администрација веќе започна отворена војна токму против овие свои два најголеми непријатели – лгбти+ и родовите политики и, контролираната миграција, како алатки на либералните “елити“ за уништување на вековните цивилизациски вредности. Дека го прекина и финансирањето  на невладините организации кои се нивни промотори. Го пишувам за да знаеме дека сега, со повеќе од 500 милиони евра, европските либерални “елити“ го презедоа нивното финансирање бидејќи им се потребни во битката против нормалното мнозинство. И конечно, го пишувам бидејќи токму во моментов, во Република Македонија, меѓу најгорливите теми се и овие две – лгбти+ и родовите политики, преточени во Сеопфатно Сексуално Образование (ССО) во образовниот процес и, приказната за “увозот“ на мигранти од Обединетото Кралство. Теми за кои, нормалното мнозинство во државава не сака ниту да размислува, а не пак, да биде сведок на нивна реализација. Го пишувам за да предупредам што ќе се случи со државава, со нацијата, со нашите деца и внуци, доколку го дозволиме тоа. Го пишувам затоа што, за жал, ваквите антицивилизациски вредности, преку либералните медиуми, либералните невладини организации и, развиениот “орвеловски“ систем на “големиот брат“, ни се продаваат како европски вредности кои треба да ги прифатиме на нашиот “зацртан“ европски пат. Едно мора да биде јасно – не се тоа никакви европски вредности, туку искривени идеолошки вредности на едно либерално малцинство на врвот на своето лудило. Зашто, доколку навистина претставуваат “европски вредности“ за какви нам ни се “продаваат“, зошто, како такви, се забранети дури и во некои земји членки на “елитниот клуб“, Европската Унија и, зарем општествата кои ги забрануваат не ги препознаваат како вистински “европски вредности“? Затоа, да навлеземе малку подлабоко во американската Стратегија за национална безбедност, да размислиме за изнесеното таму дека европската цивилизација ја очекува распад најдоцна за дваесеттина години, да се свртиме кон отворање на духот како што таму пишува, или кон насочување во духовноста; да се бориме за целосно зачувување на националниот идентитет; да ги промовираме традиционалните вредности врз кои е изградена европската западна и источна цивилизација и, кои единствено може да ја сочуваат и, да го поразат антицивилизациското лудило на либералните “елити“. Поинаку, ќе  бидеме одговорни пред нашите деца и нашите внуци!!! Страшо Ангеловски Претседател на МААК