Стартуваат дуелите во женскиот кошаркарски куп

Со натпреварот меѓу шампионот Баскет Кам и Спорт тим ќе стартуваат дуелите од четвртфиналето од женскиот кошаркарски куп. Дуелот меѓу овие два тима се игра вечерва од 19 часот во СРЦ „Кале“, а првакот ја има фаворитската улога. Другите три натпревари се играат утре (сабота). Неизвесно се очекува да биде на дуелите што ќе се играат во Скопје. Бадел е домаќин на Пробаскет, но екипата од Кавадарци оствари минимална победа во Скопје во првенствениот дуел пред две недели. Бранителот на трофејот Вардар е домаќин на МЗТ Бела вода, а и овие два тима одиграа неизвесен првенствен дуел. Фаворит за полуфинале е тимот на Крива Паланка која ја пречекува екипата на Патриот. КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ – ЖЕНИ ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ Баскет кам – Спорт тим Бадел 1862 – Пробаскет Крива Паланка – Патриот 2016 Вардар – МЗТ Бела вода Екипите кои ќе победат ќе играат во полуфиналето на завршниот турнир што ќе се одржи во февруари следната година. (МИА)