Под роговите на упорноста: Култура Бета за последен пат на Луј Пастер 3А

Под роговите на упорноста: Култура Бета за последен пат на Луј Пастер 3А Александра Спасеска 26.12.2025 / 11:47 Култура Оваа сабота (27.12) ќе се одржи повеќечасовен настан во организација на Култура Бета насловен „Под роговите на упорноста“ по повод на затворањето на кафе-книжарницата „Буква“ на нејзината моментална локација. Настанот во себе обединува повеќе сегменти со кои ќе се заокружи циклусот на настани преку кои здружението Култура Бета го развиваше своето дејствување токму во „Буква“, која меѓу другото служеше и како своевиден културен центар. Со почеток во 18:00 часот, најпрвин ќе се постави прашањето „Има ли дом за независната сцена?“ преку дискусија во која ќе учествуваат Небојша Вилиќ, Марија Стојанова, Милош Б. Андоновски и Марија Хана Трајкоска. Доаѓајќи од различни позиции во културната сфера тие ќе го претстават своето гледиште за постоењето и развојот на јавните простори кои ја негуваат и поттикнуваат независната уметничка и културна сцена. Следниот дел од настанот ќе биде поеското читање „Поетска епизода“ од 20:00 часот, на кое ќе се заокружи циклусот читања одржани во „Буква“. Модератори ќе бидат Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски, а ќе читаат скоро четириесет поети кои учествувале на претходните изданија на „Поетска епизода“: Ива Петреска, Андреј Ал-Асади, Марија Велинова, Викторија Ангеловска, Марија Ангеловска, Јулијана Величковска, Ана Голејшка Џикова, Моника Стојановска, Љубица Шопова, Биљана Стојановска, Александра Спасеска, Д.А. Лори, Ѓоко Здравески, Марија Хана Трајкоска, Васко Марковски, Николина Андова Шопова, Милена Сиљановска, Никола Наумовски, Дарија Јовановска, Андреј Ангеловиќ, Вероника Димоска, Ангела Бошкоска, Љубица Петровска, Иван Шопов, Методија Тасевски, Филипа Сара Попова, Стефан Спасовски, Нино Наумовски, Драгана Стојадиновска, Јосип Коцев, Макрина Јорданова, Сатја Александар Давитков, Емануела Ковачевска Китановска, Софија Тодоровска, Јована Стаматовска. Во 22:00 часот ќе започне музичката програма со настап на „Животни“, бенд што преку својот прв албум „На Балкан, сам“ пее за светлината, за гневот и за будноста, со протестна енергија и искрен крик против неправдите. Крајот на вечерта ќе се заврши со музичкиот избор на Дона Илиевска кој ќе повика на танц до фајронт! Култура Бета Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On