Никола Кимовски, директор на Македонскиот народен театар: Годинава МНТ го потврди своето наследство, но уште погласно ја најави својата иднина

Во годината кога Македонскиот народен театар прославува 80 години постоење со издавање монографија и со најава на голем сценски спектакл, првиот човек на националната институција, Никола Кимовски, страсно проговори за неговата почит и љубов кон ансамблот, за колективиот дух на театарот, за важноста на слободата на сцената и за инспициентската улога која го потсетува дека функцијата е минлива, а одговорноста кон сцената и публиката – вечна.