Ученици од „Кочо Рацин“ во посета на локалната самоуправа

Ученици од основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“- Битола денеска беа во посета на локалната самоуправа. Во салата на Советот на Општина Битола каде имаше комисиска расправа, учениците беа пречекани од претседателот на Советот, Бојан Бојкоски и присутните советници на комисијата. Учениците беа запознати со значењето на оваа институција и како таа функционира. Исто така беа примени и во кабинетот на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој пак ги информираше за неговата функција, за значењето на работата на администрацијата и за тоа како функционира локалната самоуправа. Потоа им подари новогодишни пакетчиња, а пред да ја завршат посетата направија и заедничка фотографија и со нивните наставници и родители.