Турска актерка уапсена во голема полициска акција во Истанбул

Турска актерка уапсена во голема полициска акција во Истанбул Александра Спасеска 26.12.2025 / 13:44 Филм & ТВ Во голема полициска акција во Истанбул, во рамки на истрага за дрога, уапсени се осум лица, меѓу кои и турската актерка Садет Езги Ејубоглу (37), соопштија надлежните институции. Ејубоглу е позната по улогата на Ајбиге Хатун во втората сезона од серијата „Сулејман Величествениот“. Според Истанбулското јавно обвинителство, налогот за нејзино приведување е издаден поради сомнежи за купување, поседување и користење наркотични и стимулативни супстанции за лична употреба. Во истата истрага, уште две лица се уапсени под сомнение за производство и трговија со дрога, четворица поради сомнежи за поттикнување и овозможување проституција, а едно лице поради нелегално поседување оружје. За време на претресите, полицијата запленила оружје, муниција, наркотични супстанции, опрема за консумирање дрога и фалсификувани американски долари. Надлежните наведуваат дека истрагата се проширува и дека не се исклучени нови апсења. Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On