Обилните дождови што паднаа во последните денови во големи делови од Калифорнија предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а три лица загинаа. Како што објави Би-Би-Си, бурите, за кои се очекува да продолжат во текот на денешниот ден, донесоа 27 сантиметри дожд во некои делови од округот Лос Анџелес, предизвикаа евакуации и го блокираа сообраќајот на главните улици. Службите за итни случаи мораа да спроведат неколку операции за спасување, вклучително и луѓе заглавени во возилата поради зголемувањето на поплавните води. Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, прогласи вонредна состојба во Лос Анџелес и другите окрузи во Јужна Калифорнија. Околу 100.000 луѓе во државата од синоќа се без електрична енергија. Американскиот метеоролошки центар соопшти дека „можни се бројни ненадејни поплави“. „Покрај тоа, многу потоци би можеле да надојдат, што потенцијално ќе влијае на поголемите реки“, додаде тој.