Еруптираше вулканот Калауела на Хаваи, лавата достигна височина од 427 метри

Вулканот Килауеа на Хаваи еруптираше на Бадник со фонтани од лава што достигнаа височина до 427 метри. Шестчасовната ерупција на Големиот остров се случи во кратерот Халемаумау, а беше снимена од камерите на Геолошкиот завод на САД (УСГС), пишува УСА Тудеј. Сè започна во вечерните часови на 23 декември, а заврши малку по два часот наутро по локално време на самиот Бадник, 24 декември. Според USGS, камерите прво ја снимиле активноста кратко по 2:30 часот наутро. Светлечките сцени на лава што еруптира од северните и јужните отвори на кратерот можеа да се гледаат во живо преку интернет камери. Килауеа, кој се наоѓа во рамките на Националниот парк Хавајски вулкани, е меѓу најактивните вулкани во светот. Оваа последна ерупција беше веќе 39-та регистрирана оваа година. Претходната епизода, 38-ма, се случи претходно овој месец и траеше речиси 12 часа. Научниците проценуваат дека вулканот е создаден пред приближно 280.000 години, а се издигнал над нивото на морето пред речиси 100.000 години.