Извештај за извршени контроли во приватни здравствени установи (ПЗУ) – матични гинеколози

Денес, директорите на Управата за јавни приходи, Елена Петрова и на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, одржаа заедничка прес конференција на која го презентираа извештајот од спроведените заеднички контроли. Фондот за здравствено осигурување на Македонија има склучено договор со вкупно 149 приватни здравствени установи (ПЗУ) за вршење на примарна здравствена заштита во дејноста гинекологија (матични гинеколози). Во ноември 2025 година извршени се заеднички контроли со Управата за јавни приходи (УЈП) во 49 ПЗУ (33% од вкупниот број договори). Контролите се извршени поради зачестени претставки од осигуреници за наплата на средства за прегледи кои не се наплатуваат. Заедничка контрола на ФЗО и УЈП за последен пат е направена во 2012 година. Целта на контролите е проверка на придржување кон договорните обврски, особено кон одредбата дека: „Прегледот, ЕХО, колпоскопијата, земањето на брис за микробиолошко и цитолошко испитување (за ПАП-тест), како и сите други дијагностички и терапевтски процедури кои се согласно медицина заснована на докази кај избраниот лекар не се наплатуваат.“ Клучни наоди – вкупно Контролирани ПЗУ: 49 Уредни (без никакви неправилности ни од ФЗОРСМ ни од УЈП): 26 (53,1%) Неуредни (збирно – утврдени неправилности од ФЗОРСМ и/или УЈП): 23 (46,9%) Само од ФЗОРСМ: 3 Само од УЈП: 11 Од двете институции: 9 Утврдени неправилности кај 12 ПЗУ, главен тип на неправилност од ФЗОРСМ: наплата на дополнителни средства од осигурени лица (кај 8 ПЗУ) и неуредна евиденција (кај 5 ПЗУ), со изречени казни Од УЈП утврдени неправилности поврзани со фискализација кај 20 ПЗУ, со изречени глоби Преглед по градови/региони Извршените контроли утврдуваат се значајни од аспект на заштита на правата на пациентите и придржување кон договорните обврски меѓу Фондот и ПЗУ. Од даночен аспект, здравствените услуги се ослободени од ДДВ, а најголем дел од овие установи плаќаат симболичен годишен данок на вкупен приход од 1% или се целосно ослободени, тоа не значи дека неевидентирањето на прометот е без даночен ефект. Напротив, неевидентирањето на приходите остава простор за нивно користење како неоданочени лични примања, стекнување личен имот од неоданочен доход, како и за плаќања на набавки во готово што директно ја храни сивата економија. Оваа пракса го поткопува системот, создава нефер предност на сметка на оние што работат законски, а во поширок контекст прогресивно води до зголемени загуби на јавни приходи.