Усвоен рекорден буџет од 848 милиони денари, Левица, ДУИ, ВРЕДИ против развојот на општина Бутел, објави градоначалникот Дарко Костовски. „Денес на седницата на Советот на Општина Бутел беше изгласан и донесен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала општина Бутел. Усвоивме развоен буџет, буџет кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните. Буџет кој значи реализирање на барањата на граѓаните. -За жал советниците од ДУИ, ВЛЕН и ЛЕВИЦА не го поддржа буџетот, не го поддржаа проектот за вода во Љубанци и Љуботен, нова поликлиника, не поддржаа нови улици во Љуботен, Визбегово, Скопје Север, Бутел, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на Општина Бутел. 20 години без никаков интерес за граѓаните на општина Бутел! 63% од овој Буџет за капитални проекти! Со овој буџет одвоени се рекорден број на финансии за капитални проекти. Со овој буџет издвоени се финансии за реализација на: - Нова поликлиника - Доизградба на водоводот за Љубанци и Љуботен - Детска градинка во населеното место Бутел 2 - Изградба на пливачки базен во ООУ “Ацо Шопов” - Нови мостови на река Серава - Уредување и чистење на речното корито на Река Серава - Финансиска помош за новороденчиња - Реконструкција на клучните сообраќајници во општина Бутел - Реконструкција и ревитализација на голем број на помали сервисни улици - Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација - Изградба на нови спортско рекреативни центри - Нови детски игралишта - Нови спортски игралишта - Нов пешачки и пристапни патеки - Поддршка на спортски клубови - Спортски стипендии - Парична помош за пензионерите - Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства - Финансии за културни и спортски настани Како и изминатите години така и во овој буџет предвиени се 0 средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци. Парите на граѓаните мора и исклучиво ќе се користат за нивни потреби! 2026 година ќе биде година на развој, на многу нови значајни проекти во сите населени места! Продлжуваме за модерна, стабилна и просперитетна Општина Бутел“, потенцира Костовски во објавата. УСВОЕН РЕКОРДЕН БУЏЕТ ОД 8️⃣4️⃣8️⃣ МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ЛЕВИЦА, ДУИ И ВЛЕН ПРОТИВ РАЗВОЈОТ НА ОПШТИНАТА БУТЕЛ❗️ Денес на... Posted by Дарко Костовски on Петок, 26 декември 2025