Од 9 часот утре без вода ќе бидат корисниците од улицата „Радишанска“ крак 4 и населбата Кучевишка Бара, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информација од Водовод и канализација. Прекинот е поради приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-200мм на ул. Радишанска, крак - 4 (Бел Камен).