Најдобрите кошаркарски судии во изминатата календарска 2025 година беа прогласени на заедничкиот, традиционален собир, што изминатата вечер го организираше Судиската комисија на кошаркарски судии. Наградата за најдобар судија во судиската организација на град Скопје за 2025 година ја доби Зоран Митровски, додека својата прва индивидуална награда во судиската кариера, за најперспективен судија му беше доделена на Иван Ников. Плакета за животно дело Марјан Тодоровски, кој од 1977 година е дел од македонската кошаркарка како судија и делегат. Со пригодна благодарница, Судиската организација на град Скопје му се заблагодари и на Влатко Цветаноски, за посебни заслуги во развојот на кошаркарското судење.