Победник на 68-то издание на анкетата на Полската новинска генција (ПАП) за најдобар европски спортист во 2025 година меѓу новинските агенции на Стариот континент е 26-годишниот шведски атлетичар во скок со стап Арманд Дуплантис. Дуплантис, кој е олимписки шампион од Токио и Париз во скок со стап, воедно е апсолутен светски шампион во скок со стап, поставувајќи светски рекорд од 6,30 метри, а исто така го држи и најдобриот резултат во сала на сите времиња од 6,27 метри. Во традиционалната анкета на ПАП, Дуплантис собра 184 поени, 41 повеќе од шпанскиот тенисер Карлос Алкараз и 50 поени пред словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар, кој го освои својот четврти Тур де Франс во 2025 година. Во изборот за најдобар спортист на Стариот континент учествуваа 23 европски новински агенции. Арманд Дуплантис (Шведска) – атлетика 184 поени Карлос Алкараз (Шпанија) – тенис 143 Тадеј Погачар (Словенија) – велосипедизам 134 Фемке Бол (Холандија) – атлетика 76 Усман Дембеле (Франција) – фудбал 70 Ландо Норис (Велика Британија) – Формула 1 68 Јаник Синер (Италија) – тенис 57 Арина Сабаленка (Белорусија) – тенис 56 Марко Одермат (Швајцарија) – алпско скијање 45 Јоханес Хесфлот Клаебо (Норвешка) – нордиско скијање 2.